Францускиот претседател Емануел Макрон се обрати на Светскиот економски форум во Давос носејќи сини пилотски очила за сонце со огледала.
Побарувачката за информации за неговиот „моден додаток“ предизвика привремено паѓање на веб-страницата на францускиот луксузен бренд.
Откако Макрон носеше пилотски очила за сонце, модел Хенри Жулиен Пацифик С 01 (Henry Jullien Pacific S 01), на Светскиот економски форум во Давос, настана вистински метеж на социјалните мрежи и, генерално, на интернет.
View this post on Instagram
Иако очилата, чија цена е 659 евра, привлекле внимание како моден детаљ, причината за нивното носење била од медицинска природа. Претставници на медиумите истакнале за Ројтерс дека францускиот претседател носи очила за сонце поради здравствен проблем со окото.
Неговиот необичен изглед предизвика поделени реакции. Додека некои коментираа дека Макрон изгледа „кул“, американскиот претседател Доналд Трамп му се потсмеваше.
„Го видов вчера со тие прекрасни очила за сонце. Што се случи, по ѓаволите?“, рекол Трамп обраќајќи им се на учесниците на самитот, пишува бриселскиот „Политико“.
