СТАНДАРД life
Шоубиз

Поранешни танчерки ја тужат Лизо за малтретирање и омаловажување

Три танчерки кои настапуваа со американската пејачка Лизо ја тужат добитничката на Греми за создавање „непријателска работна средина“ за која во тужбата се вели дека вклучува „срамење за тежината“ и „сексуално понижувачко однесување“.

Во тужбата пред Врховниот суд на округот Лос Анџелес, покрај Лизо, чие вистинско име е Мелиса Вивијан Џеферсон, се вклучени и нејзината продуцентска куќа и лидерката на нејзиниот танцов тим, Ширлин Квигли, пренесува Ројтерс.

Поранешните танчерки Аријана Дејвис, Кристал Вилијамс и Ноел Родригез ја обвинуваат пејачката за вознемирување врз основа на секс, религија, раса и попреченост, меѓу другото.

Во тужбата, танчерките тврдат дека на крајот на февруари биле принудени да ги допираат нозете на изведувачката во стриптиз клуб во Амстердам. Исто така, беше наведено дека Дејвис била под притисок да учествува во гола фотосесија, и покрај нејзината непријатност, за да ја спаси работата како танчерка.

Во тужбата се наведува и дека Квигли ги вознемирувала танчерките, подложувајќи ги на нејзините религиозни убедувања против нивна волја, како и дека ја туркала темата за невиноста на Аријана Дејвис во интервјуата и на социјалните мрежи, откривајќи ги нејзините лични податоци без нејзина согласност.

Според тужбата, Дејвис и Вилијамс на крајот добиле отказ, додека Родригез сама си заминала.

Поврзани вести

Лиза Кудроу се збогува со Метју Пери: „Ти благодарам што доаѓаше на работа кога не се чувствуваше добро“

Urednik

Адел конечно ги потврди шпекулациите? Во шоуто на нејзиниот пријател изјавила дека неодамна се омажила

Radmila Tasevska

Како ќе се вика принцот Вилијам кога ќе стане крал? „Американците го сакаат поради тоа име“

Radmila Tasevska