56-годишната актерка, Салма Хаек никогаш не криела дека е опседната со нуркање. Таа љубов се родила кога имала само 10 години, а оттогаш редовно оди на нуркање за време на годишните одмори. Сепак, таа е многу внимателна во своето хоби, па оди на нуркање со инструктори за нуркање.
Со текот на годините, во различни интервјуа, таа зборуваше за нејзините бројни и богати искуства во нуркањето – од убавините што ги доживеала до страшните искуства, кои во текот на 40-тина години колку што нуркала, сигурно ги имало.
Сега на Инстаграм се пофали дека оди на нуркање со инструкторката за нуркање Мартина, а двете дами одлично се забавувале и пред и потоа. Уморни од нуркање, малку „замезија“ и се опуштија со пиво.
Инаку, Салма откри дека татко и ја открил магијата на нуркањето, а таа љубов и ја пренела на ќерката Валентина.
„Татко ми ме научи како да нуркам кога имав 10 години, а ќерка ми беше на иста возраст кога ја научив да нурка. Исто така, се надевам дека кога нејзините деца ќе наполнат 10 години, таа ќе ги научи да нуркаат, дека тогаш сè уште ќе имаат можност да уживаат во прекрасните подароци што ни ги дава океанот“.
Селма Хајек гради куќа на хрватски остров: Откриени сите детали, а еве кој и помага во тоа
А за своето лошо искуство зборуваше пред неколку години кога гостуваше во шоуто на Џејмс Корден. Тогаш открила дека еднаш нурнала премногу длабоко, поради што морала да помине осум часа во комора за компресија.