СТАНДАРД life
Шоубиз

Селена Гомез се одмора од социјалните мрежи: „Не можам да го поднесам овој терор во светот“

Пејачката и актерка Селена Гомез во последните денови не се огласува на социјалните мрежи. Сега објави Инстаграм Стори и изјави дека некое време нема да биде на социјалните мрежи.

„Паузирам затоа што срцето ми се кине од ужасот, омразата и теророт што се случува во светот. Страшно е да се гледа како луѓето се измачувани и убивани поради каков било чин на омраза. Сите луѓе треба да бидат заштитени, особено децата. “ напиша Селена.

Таа вели дека е свесна дека не може да го промени светот со своите објави, иако посакува да најде начин да го направи тоа.

„Едноставно не можам да поднесам да се повредуваат невини луѓе. Ме разболува. Посакувам да можам да го променам светот, но за жал една објава нема да го направи тоа“, напиша таа.

Таа потоа објави фотографија со нејзината помлада сестра Грејси Елиот. Таа вели дека поради неа е уште почувствителна на настаните во светот. „За доброто на децата и невините животи, би направила се“, напиша таа.

Ова не е прв пат Гомез да паузира од социјалните мрежи. „Повторно се одморам од социјалните мрежи бидејќи сето ова станува малку смешно. Имам 30 години и сум навистина премногу стара за ова. Но, многу ве сакам сите и ќе се видиме наскоро. Само ќе се одморам од сè“, сподели Селена во февруари.

Поврзани вести

Каја Гербер за Синди Крафорд: „Таа е кул мајка, но постојано ме срами“

Urednik

Ѕвезда на „Беверли Хилс“ порасна во луксуз, а сега живее со своите деца во кампер

Urednik

„Целосно се изобличи“: Фотографиите на Мадона без филтри и фотошоп го обиколија светот, а фановите останаа шокирани од изгледот на пејачката (ФОТО)

Radmila Tasevska