Пејачката Шакира (46) за „Билборд“ зборуваше за раскинувањето со Жерар Пике (36) и како целата ситуација влијаела на нивните синови Милан (10) и Саша (8).
– Мои приоритети беа домот и семејството. Верував во „додека смртта не не раздели“. Верував во тој сон и го имав истиот сон за себе, за моите деца – изјави таа.
Како што вели Шакира, се надевала дека ќе ја пронајде љубовта која ја имаат нејзините родители, кои се заедно 50 години.
– Се сакаат како првиот ден, со љубов која е уникатна и неповторлива. Значи знам дека е можно. Тие секогаш ми беа пример. Тоа го сакав за себе и за децата, но тоа не се случи – изјави таа и откри дека морала да ја стави во мирување својата музичка кариера кога живеела со Пике во Шпанија.
– Работата е што му бев посветена. И на семејството и нему. Беше многу тешко да се има професионална кариера додека бев во Барселона. Не можев само да ги оставам децата и да одам да правам музика надвор од дома. Беше тешко да се одржи ритамот – додаде пејачката.
Таа неодамна се пресели во Мајами со своите синови, а оттогаш времето го поминува во студио снимајќи нова музика и планирајќи турнеја за 2024 година. Според Шакира, нејзините синови уживаат да бидат надвор од центарот на вниманието откако се преселиле.
– Тешка им беше ситуацијата со медиумите во Барселона. Папараците беа на нашиот праг секој ден. Тие се нормални деца кои уживаат да бидат нормални – додаде таа.