Холивудскиот актер Силвестер Сталоне замина на одмор во Италија. Иако е огромна светска ѕвезда, сигурно не очекувал да привлече вакво внимание.
Тој и неговото семејство едно попладне отишле на прошетка во Рим и планирале да пазарат. Но, неговите идеи за мирен одмор беа уништени откако луѓето го препознаа на улица. Не, да речеме, десет луѓе, туку стотици од нив.
Холивудската легенда излезе со сопругата Џенифер Флавин и нивните ќерки Софи (27), Скарлет (21) и Систин (25), кога луѓето почнаа да се собираат околу нив. Набрзо се создала огромна толпа, која врескала, викала, снимала и фотографирала познатиот актер.
Со помош на обезбедувањето, Сталоне и неговото семејство се пробиле низ толпата, а претпоставуваме дека не успеале ниту да погледнат во излозите. Сталоне објави видео на Инстаграм на кое се гледа огромната толпа.
„Мирно попладне шопинг со семејството. Ги сакам фановите, ја сакам оваа земја“, напиша актерот.
Се чини дека на Сталоне, кој има италијанско потекло, и на Флавин не им пречеше метежот предизвикан од нивното присуство додека со насмевки на лицата поминуваа покрај луѓето.
Само неколку дена претходно, папата Франциск ги прими Сталоне и неговото семејство на приватна аудиенција во Ватикан.