Амал и Џорџ Клуни се појавија во Лондон на премиерата на филмот на Џорџ „The Boys in the Boat“ и ги воодушевија сите присутни на црвениот тепих.
Тие се појавија расположени, магично облечени и целосно заљубени.
Џорџ дојде и во класичен црн костум и чевли во иста боја.
Со оглед на тоа дека врнеше, како вистински џентлмен држеше чадор за својата сопруга Амал, а многумина забележаа дека е неодоливо шармантен.
Познатата адвокатка на црвениот тепих носеше монохроматска комбинација. Таа се одлучи за црна нијанса.
Одозгора имаше корсет, додека доле здолниште, а сè комплетирала со салонки и клач чанта.
Амал имаше и светло-црвен кармин, незабележлива шминка, фризура со руси прамени, а сето тоа го заокружи со мали, но забележливи обетки.