СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Apple овозможи бесплатно гледање на серии

Како и сите главни продукциски куќи, Apple одлучи да дозволи секој што сака бесплатно да ги гледа нивните оригинални ТВ серии. Сето ова се чини дека е дополнителен чекор во надминување на изолацијата на луѓето што е создадена со ширењето на коронавирусот.

Apple TV Plus е сигурен дека ќе забележи зголемување на корисниците деновиве, бидејќи Apple одлучи да понуди бесплатно гледање на својата ексклузивна серија. Тие ќе бидат бесплатни во Соединетите држави, но и преку апликацијата Apple TV на кое било место во светот почнувајќи од утре.

Список на бесплатни серии за гледање без претплата:

The Elephant Queen, документарна серија
Little America, серија за животот на мигрантите во САД
Servant, трилер
For All Mankind, Драма
Dickinson, Биографија, Хејли Стенфилд во главна улога
Helpsters, детска програма
Ghostwriter, фантазија
Snoopy in Space, анимирана серија

Со овој потег, Apple им се придружи на HBO, AMC и други во привремената понуда на бесплатна содржина за време на епидемијата на коронавирусот.

Поврзани вести

Apple го претстави новиот iPhone12 (ВИДЕО)

msp-admin

Што можат да понудат идните AR очила на Samsung? (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Новиот печатач на Xiaomi ги „оживува“ фотографиите

msp-admin