Наскоро ќе го видиме следниот гејмерски телефон со брендот Black Shark, потврди шефот на подружницата на Xiaomi во својот профил на Weibo. Ќе се вика Black Shark 4 и ќе поддржува 120W брзо полнење. Извршниот директор на Black Shark исто така откри дека капацитетот на батеријата ќе биде 4500 mAh и ќе се полни од 0 до 1.000 за помалку од 15 минути.
Сличен резултат ќе биде значително подобрување во однос на првиот телефон на Xiaomi, кој поддржува полнење од 120W. Ова е Xiaomi Mi 10 Ultra, чија батерија е целосно наполнета за 26 минути – прилично импресивно, иако помалку од ветените 23. Ако треба да претпоставиме, веројатно подобреното ладење на гејмерскиот Black Shark 4 ќе го објасни новиот скок во брзината на полнење .
На ова и на други слични прашања ќе биде одговорено кога ќе биде официјално објавен Black Shark 4. Сè уште го немаме датумот на премиера, но со оглед на тоа што веќе се појавија првите тизери, тешко дека ќе доцни.