СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Гејтс финансира домашен тест за коронавирус

Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ финансира проект за испорака на комплети за тестирање на коронавирус до домовите на луѓето во Сиетл и веднаш ги известува здравствените службеници за резултатот.

Според „Сиетл Тајмс“, резултатите од тестовите засновани на брис на носен инхалатор ќе бидат познати во рок од два дена, а здравствените службеници веднаш ќе бидат известени за позитивни примероци.

Ако тестот е позитивен, од заразеното лице ќе биде побарано да одговори на прашањата преку Интернет-анкета за да им обезбеди на здравствените работници информации за неговите движења. Како резултат, медицинските професионалци ќе можат да ги идентификуваат сите оние кои контактирале со заразеното лице и да ги известат за потребата од тестирање или карантин.

Иако останува да се заврши многу работа, проектот има огромен потенцијал да го смени курсот на епидемијата, вели Скот Доуел за „Сиетл Тајмс“, кој ја претставува Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ во програмата за реакција на појавата на коронавирус.

Сè уште нема јасна временска рамка за започнување на проектот, бидејќи Фондацијата мора да го комплетира развојот на помошниот софтвер и да подготви конечен прашалник за лицата на кои им треба тестирање. Според Доуел, Фондацијата ќе може да обезбеди до 400 тестови на коронавирус на ден.

Поврзани вести

Изгаснат најопасниот малвер ботнет на светот

Влатко Зорба

Google имаат тајно оружје на секој Android уред со кое ја следат и остануваат еден чекор пред конкуренцијата

msp-admin

Apple ќе ги следи под лупа спорните територии и граници

msp-admin