СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Хакери добиле пристап до изворниот код на Microsoft

Технолошкиот гигант Microsoft во својот блог објави дека хакери кои претходно напаѓале владини агенции и приватни компании во САД, добиле пристап до внатрешни информации за нејзиниот програмски код. Microsoft е меѓу клиентите на американската компанија SolarWinds, чии системи беа хакирани од сајбер пирати на почетокот на оваа година.

На 17 декември, официјални лица на Microsoft признаа дека малициозниот код на SolarWinds е откриен во неговиот екосистем и е изолиран и отстранет.

„Најдовме необична активност во некои внатрешни сметки и по проверка, откривме дека една сметка е искористена за преглед на изворниот код во повеќе складишта“, велат од корпорацијата.
Сепак, тие уверија дека хакерите можат да го видат овој код, но не и да го менуваат. По истрагата на SolarWinds, тие извршија увид и открија дека не се направени никакви измени.

Поврзани вести

Galaxy A32 5G – најевтиниот 5G модел на Samsung

Влатко Зорба

Apple испитува дали Apple Watch може да го намали ризикот од мозочен удар

msp-admin

VR очилата на Apple можат да чинат 3.000 долари

Влатко Зорба