СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

„Кинескиот крал“ претстави еден од најмоќните телефони за 2021 година

Oppo неодамна изби на првото место во Кина по бројот на продадени телефони, а сега го претстави својот предводник за оваа година – Oppo Find X3 Pro.

Уредот носи сè што би очекувале од моќен телефон со Android во 2021 година.

Има 6,7-инчен екран, со QHD + резолуција и брзина на освежување од 120 Hz. Се напојува со најмоќниот чипсет Qualcomm – Snapdragon 888, и има 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање. Батеријата на овој телефон има капацитет од 4.500 mAh.

На задната страна има 4 камери, каде што главната и ултра-широката леќа имаат резолуција од по 50MP. Телефото-камерата има резолуција од 13MP, а особено интересна е четвртата камера – таа е со резолуција од 3MP со можност за зумирање до 60 пати и може да се користи скоро како мини-микроскоп.

Секако, кога станува збор за други опции, има поддршка за 5G, IP68, како и оперативен систем ColorOS 11.2, базиран на Android 11.

Го нема кај нас, и нема да се најде во официјална продажба, а на пазарите каде ќе биде достапен од 30 март, ќе чини околу 1.150 евра.

Поврзани вести

Facebook развиваат апликација за препознавање на лица за вработени во компании

msp-admin

Започна ажурирањето на Nokia смартфоните до Android 10

msp-admin

Како хакерите ја користат паниката и стравот за да шират компјутерски вируси?

msp-admin