Lenovo веќе објави тизер за својот следен гејмерски смартфон, кој се очекува да биде објавен наскоро. Податоците откриваат дека претстојниот уред ќе има нова генерација на систем за двојно ладење. Резултатите од бенчмарк-тестовите во Geekbench се појавија на Интернет, од кои дознавамее уште повеќе детали за наследникот на Lenovo Legion Pro.
Името на моделот е L70081, а најверојатно Lenovo ќе го претстави како Legion Pro 2, пренесе GizmoChina. Игрите за паметни телефони ќе користат хардвер „Lahaina“, што е кодно име на Qualcomm Snapdragon 888. Станува збор за процесор од 5 нанометри што ќе најде место во предводниците со Android.
Најбрзиот чип на Qualcomm е оптимизиран за 5G мрежи и ќе понуди уште поголеми перформанси. Архитектурата е надополнета со 16 GB RAM меморија, што сигурно ќе им се допадне на гејмерите. Lenovo Legion Pro 2 ќе работи со Android 11 и известува за резултат од 1.130 на SingleCore, како и 3.779 поени на MultiCore реперите во Geekbench.
Иако премиерата на Legion Pro 2 не е официјално потврдена, можно е да стане реалност во вториот квартал од 2021 година. Ова ќе и овозможи на компанијата поуспешно да се натпреварува главно со Asus, кој работи и на нов гејмерски смартфон. Во оваа фаза, нема информации за други подобрувања во Legion Pro 2.
Тековната верзија нуди одлики како што се 6,55-инчен AMOLED дисплеј со Full HD + резолуција и фреквенција од 144Hz. Lenovo Legion Pro има процесор Snapdragon 865 со 16 GB LPDDR5 RAM меморија, 256 GB вградена UFS 3.1 меморија и моќна батерија 5000mAh со полнење 90W.
Без оглед какви подобрувања подготвува Lenovo, дефинитивно можеме да кажеме дека ова ќе биде еден од најмоќните уреди со Android што ќе ги видиме во 2021 година. Паметните телефони оптимизирани за игри стануваат многу привлечна ниша за гејмерите и производителите. Премиерата на Asus ROG Phone 5 доаѓа наскоро.