СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

LG патентирале флексибилен смартфон со познат дизајн

Повеќе производители се вртат кон смартфоните со екран на преклопување, а следната година очекуваме објавување на уште многу нови модели. Меѓу нив можеме да видиме и таков од LG, кој може, сепак, да има дизајн сличен на Huawei Mate X. Ова се гледа од апликација за патент на Корејците, која е поднесена во мај.

Врз основа на неа, LetsGoDigital направиле рендери на можен уред кој се собира на два, а во затворена состојба екранот останува на надворешната страна. Достапен е панел со главна камера, кој може да вклучува четири сензори. Овој тип на дизајн овозможува употреба на главната камера и во преклопена состојба на уредот.

Според LetsGoDigital, не би било изненадувачки ако Корејците во 2019-та година претстават прототип на смартфон со екран на преклоп за време на CES или мобилниот конгрес. Сепак, во оваа фаза нема официјални информации за ова, како и параметрите на можниот модел.

Поврзани вести

Маск нуди награда од 100 милиони долари за најдобра технологија за фаќање на јаглерод

Влатко Зорба

HarmonyOS официјално пристигнува во април, Huawei Mate X2 го добива прв

Влатко Зорба

Опцијата Restrict ќе нè заштити од навредлива и несоодветна содржина на Instagram

msp-admin