Microsoft прави некои фундаментални промени во начинот на кој работат ажурирањата на одредени верзии на Windows 10.
Microsoft немаше многу среќа со неодамнешните ажурирања – корисници кои се соочија со разни проблеми, од тоа некои датотеки да исчезнуваат до фактот дека нивните печатачи не работат.
За жал, Microsoft ја отстранува можноста да се „прескокнат“ ажурирањата на Windows 10. Сега, корисниците на Windows 10 можат да го „паузираат“ ажурирањето седум дена во главната апликација за Windows Update.
Сепак, честопати потребни се повеќе од една недела за да се надминат сите проблеми во новите ажурирања, но можно е да паузирате пет пати по ред. Значи, практично, добивате максимум 35 дена пауза, пишува „Дејли експрес“.
Од друга страна, корисниците на Windows 10 Pro би можеле да изберат да блокираат ажурирања до 365 дена од делот „Advanced options“. Ова е важно затоа што деловните корисници честопати се потпираат на Windows апликации и, доколку ажурирањето има „грешки“ на почетокот, штетата на нивниот бизнис може да биде огромна.
Но, откако ќе се префрлите на Windows 10 Version 2004 (ажурирање на Windows 10 мај), оваа карактеристика е исклучена.
Отсега, секој што користи Windows 10, без оглед дали станува збор за редовна или Pro верзија, ќе може да го паузира ажурирањето максимум 35 дена (еднаш на секои седум дена, и така натаму пет пати).
Ова дури и не треба да претставува проблем, затоа што сите ажурирања се без грешки. Сепак, ние самите знаеме колку страдаат корисниците на Windows, со оглед дека тие знаат дека секое ново ажурирање е како „мачка во торба“.