СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Microsoft создаде платформа за новата дигитална ера (ВИДЕО)

Microsoft разви платформа дизајнирана да им помогне на компаниите да организираат работење од далечина и професионален развој на вработените во новата дигитална ера наметната од Ковид-19.

Платформата Microsoft Viva е интегрирана со Microsoft 365 и Microsoft Teams и содржи алатки за работа, учење, пребарување и споделување на знаење, поделени во неколку модули за да се создаде ефективна работна средина.

Viva Connections е дигитално работно место кое им овозможува на вработените да комуницираат и да пристапуваат до корпоративните ресурси, како и до корпоративните заедници. Првично, модулот ќе биде достапен како прилагодена апликација во Microsoft Teams. Апликацијата Connections за компјутер ќе се појави за пред-јавно тестирање во првата половина на 2021 година, а мобилната апликација ќе биде објавена до крајот на 2021 година.

Viva Insights им помага на вработените да го испланираат своето време – за работа што бара концентрација, за учење и одмор за да се намали ризикот од исцрпеност. Клиентите исто така ќе можат да користат податоци од трети лица услуги како што се Zoom, Workday и SAP SuccessFactors.

Viva Learning ги обединува сите ресурси за учење достапни на компанијата, вклучително и содржина од Microsoft Learn, курсеви од трети продавачи, вклучувајќи ги Skillsoft, Coursera, Pluralsight и edX и сопствената библиотека со содржини на организацијата.

Viva Topics е алатка која им овозможува на корисниците да ги најдат потребните информации и да се поврзат со експерти низ целата компанија. Решението користи алгоритми со вештачка интелигенција за автоматско организирање на корпоративната содржина во категории како што се проекти, производи, процеси и клиенти.

Viva Topics автоматски генерираат тематски мапи кога вработените работат во апликации како што се Microsoft 365 и Teams. Мапите комбинираат информации за документи, видеа и експерти поврзани со теми. Viva Topics исто така обезбедува можност за интегрирање на информации од разни услуги на трети страни како што се ServiceNow и Salesforce.

Поврзани вести

Новите очила на Apple автоматски ќе ги отклучуваат сите ваши уреди

Влатко Зорба

Протекоа детали за евтиниот модел на iPhone

Влатко Зорба

Маск има мајмун со чип, кој игра видео игри со помош на мозочни импулси

Влатко Зорба