СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

НАСА го објави планот за праќање човечки екипаж на Месечината, ќе чини 28 милијарди долари

Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА вчера го објави планот за праќање човечки екипаж на Месечината до 2024 година. Тоа ќе чини вкупно 28 милијарди долари. Буџетот е планиран за наредните три години.

Само вселенското летало би чинело 16 милијарди долари.

Конгресот на САД, што ги очекува претседателските избори на 3 ноември, сега треба да го одобри планот за праќање астронаути на Месечината, што пак, сегашниот претседател Доналд Трамп го постави како врвен приоритет.

Од друга страна пак, шефот на НАСА, Џим Брајденстин потсети на „политичките ризици“ од можна смена на шефот на државата. Според тамошните медиуми, на пр. Џорџ Буш потроши милијарди на подготовки за астронаутска мисија на Марс, а неговиот наследник Барак Обама ги откажа сите тие активности.

– Сепак, сѐ уште сме „на патот“ кон слетување на Месечината во 2024 година… Одиме на Јужниот Пол (на Месечината). Нема дискусии за ништо друго освен за тоа, вели Брајденстин.

Со мисијата „Артемис 2“ закажана за 2023 година астронаутите на НАСА ќе го обиколат нашиот природен сателит, но нема да има слетување.

Според Брајденстин, човештвото го очекува нешто ново, сосем поинакво од што било што научниците направиле досега.

Поврзани вести

Google го следи однесувањето на корисниците на Android

Влатко Зорба

Signal во новото ажурирање носи поефикасно управување со податоците

Влатко Зорба

Huawei ја промовираше P40 серијата (ВИДЕО)

msp-admin