СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Нови информации за премиерата на Samsung Galaxy S11

Израелската веб-страница Girafa откри кога ќе биде претставена серијата Galaxy S11 на Samsung, но не прецизираа дали таа всушност ќе се вика така или не. Според информациите за кои се тврди дека доаѓаат од страницата на Корејците, лансирањето на новите уреди ќе биде 11 февруари на специјален настан во Сан Франциско. Samsung повторно ќе ги објави своите нови топ смартфони пред да започне мобилниот Конгрес во Барселона на 24 февруари.

На настанот треба да се видат трите телефони од серијата, а исто така се вели дека ќе биде претставен модел со дисплеј на преклопување сличен на Motorola Razr и нова верзија на целосно безжичните слушалки Galaxy Buds со активна функција за потискање на бучава. Во меѓувреме, @OnLeaks објави нов рендер на главната камера на Galaxy S11 +, што може да укаже на конечна конфигурација на елементите во него.

На сликата, гледаме три сензори од лево, а од десно се четвртиот сензор и LED блиц. Се претпоставува дека главниот сензор 108MP се наоѓа во средината на левиот дел и над неа е поставена ултра широкоаголна оптика. На дното е 5x телефото оптика со перскопски дизајн, а на горниот десен дел е веројатно 3Д ToF сензор.

Поврзани вести

Samsung ја патентираше трговската марка SAMOLED за дисплејот на Galaxy S11

msp-admin

Револуционерни батерии ќе им овозможат на електричните возила да поминат 2.000 километри со едно полнење

msp-admin

Поранешен инженер на Apple откри зошто новите ажурирања на софтверот имаат толку многу проблеми

msp-admin