СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Русија го развива летечкиот автомобил „Циклокар“

Рускиот фонд за перспективни истражувања започна со развој на иновативниот летечки автомобил „Циклокар“ со циклични пропели, кој е предвиден за шест лица, пренесе „Спутник“.

-Летот на првиот прототип на „Циклокар“, целосно опремен со електричен мотор, е планиран за 2022 година – соопшти прес-службата на фондот.

Летечкиот автомобил ќе може да превезува 600 килограми товар или да превезува шест лица. Главниот извршител на проектот е Институтот за термофизика на сибирскиот огранок на Руската академија на науките.

„Циклокар“ е дел од проектот „Циклон“ и веќе е направен прелиминарен дизајн на летечката машина. Извршени се теренски тестови на цикличен ротор со дијаметар од еден и пол метар, а се одржа и пробен лет на прототип од 60 килограми.

„Циклокар“ ќе биде долг шест метри и 20 сантиметри и широк шест метри. Неговата максимална брзина ќе биде до 250 километри на час. Дометот на летот е до 500 километри, односно може да лета без прекини од Москва до Нижни Новгород или Воронеж.

„Покрај компактноста, во споредба со хеликоптерите, карактеристика на уредот е можноста да слета на косина до 30 степени и да се закотви со вертикални површини“, рекоа во фондот.

„Циклокар“ е летало што останува во воздухот благодарение на цикличните потиснувачи. Главните предности на ваквите пропели се брза контрола на векторот на потисна сила за 360 степени, ниско ниво на бучава и компактност.

Цикличниот пропелер е еден од најсложените за дизајнирање на аеродинамички уреди, а шефот на проектната група на Фондацијата за перспективни истражувања, Јан Чибисо, научниците и инженерите на институтот Новосибирск успешно го решија овој проблем.

Како што појаснија во прес-службата на фондот, со „Циклокар“ ќе се управува како со автомобил.

Поврзани вести

Нова Android опција спречува апликации да ги следат корисниците

Влатко Зорба

Ако бравите или вратите од автомобилот ви се замрзнати, еве како да ги отворите

Urednik

Игра на македонско гејминг студио со повеќе од 3 милиони симнувања на iOS

msp-admin