СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Samsung Galaxy S11 ќе има процесор Qualcomm Snapdragon 865 и 12 GB LPDDR5 RAM меморија

Веќе ве информиравме дека Samsung Galaxy S11 ќе биде промовиран на 18 февруари 2020 година. Следниот предводник на компанијата веќе предизвикува голем интерес кај потрошувачите ширум светот. Премиерата во февруари може да биде гаранција дека ова ќе биде првиот Android паметен телефон во премиум сегментот што ќе се види во 2020 година. Samsung ќе се обиде да ни понуди различни додатоци поврзани со дизајнот, хардверот и софтверот на паметниот телефон, што ќе биде важно за нивната стратегија во мобилната индустрија.

Новите информации објавени од GizChina откриваат интересни детали за некои од спецификациите во новиот предводник на Samsung. Првата работа што ја разбираме е дека Galaxy S11 ќе излезе во продажба во верзии со два различни процесори. Toa ќе бидат Qualcomm Snapdragon 865 и Exynos 9830. Потврда за овие планови од корејскиот производител може да се најде во бета верзија на интерфејсот One UI 2.0, кој веќе е достапен за некои корисници. Samsung Galaxy S11 исто така ќе користи побрз LPDDR5 RAM меморија.

Најскапите конфигурации на паметниот телефон ќе имаат 12 GB RAM меморија. Податоците откриваат нов систем за препознавање на лицето во Galaxy S11. Новиот модел нема да има отстранлива камера, но ќе користи UFS 3.0 меморија, која има побрзи брзини на пренесување на податоците. Стандардната верзија на Galaxy S11 ќе поддржува 5G технологија, но најверојатно ќе биде достапен и поевтин модел со 4G конекција. Допрва треба да разбереме повеќе детали за еден од најдобрите уреди со Android што ќе ги видиме на пазарот во 2020 година.

Поврзани вести

Samsung наскоро може да претстави сензор од 200MP

Влатко Зорба

„Епл“ има идеја за стаклена тастатура

msp-admin

Google развива нов Android наречен MicroDroid

Влатко Зорба