СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Samsung Galaxy W20 5G може да биде промовиран уште овој месец

За време на конференцијата за развивачи на Samsung 2019 (SDC19), Корејците навестија дека еден од нивните следни уреди со екран на преклоп може да има дисплеј со вертикално преклопување. Сега, благодарение на објавата на социјалната мрежа Weibo од Кина од страна на China Mobile, дознаваме дека моделот ќе го носи името Galaxy W20 5G и ќе биде промовиран во ноември.

Видеото споделено за време на конференцијата покажа телефон со издолжен дисплеј кој се преклопува на половина слично на телефоните на преклопување од неодамнешното минато. Во исто време, интерфејсот се прилагодува на новата форма – на пример, кога се преклопува, видеото од камерата се преместува на горниот дел од дисплејот и контролните копчиња се прикажани на дното.

Ова решение овозможува компактните димензии да се постигнат во преклопена состојба и кога ќе се прошири се добива голем дисплеј што може да се спореди со оној на тековните стандардни модели. Слична форма на уред подготвува и Motorola, која ќе го лансира својот нов модел во серијата Razr на 13-ти ноември.

Поврзани вести

Започна соединувањето на Instagram и Messenger

msp-admin

Поевтин нов Ајфон в март

msp-admin

Viber го слави својот 10-ти роденден и им подари на корисниците нова опција

msp-admin