СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Samsung ќе развива флексибилни екрани за Google, Oppo и Xiaomi

Новиот извештај, објавен од The ​​Elec, ги потврдува претходните наводи од декември кои сугерираа дека Vivo, Oppo, Xiaomi и Google ќе промовираат флексибилни телефони. Во новиот извештај не се споменува Vivo, но се посочува дека Samsung развива флексибилни екрани за Oppo, Xiaomi и Google.

Кога станува збор за Oppo, дисплејот што се развива се отвара од горе надолу, што значи дека телефонот ќе има формат на преклопување. Надворешниот екран ќе биде со големина помеѓу 1,5 и 2 инчи, што сугерира дека дисплејот ќе биде долг кога ќе се отвори.

Xiaomi, наводно, се префрлува од екранот што се собираше нанадвор, кон таков што се собира навнатре. За новиот дисплеј од 8,02 инчи, Xiaomi се здружи со Samsung и CSOT. Флексибилниот уред на Xiaomi, наводно, ќе има 6,38 инчен надворешен дисплеј.

Конечно, нема многу информации за флексибилниот модел на Google, а во извештајот се споменува дека Samsung развива OLRD екран за Google. Овој дисплеј може да биде со големина од околу 7,6 инчи.

Samsung во моментов е водечка компанија кога станува збор за телефони со флексибилни екрани, а годинава од јужнокорејскиот производител се очекуваат три нови модели од овој сегмент на пазарот.

Поврзани вести

Нова услуга на Фејсбук за онлајн трговија

msp-admin

Xiaomi Mi 11i со премиум карактеристики за цена под 700 евра

Влатко Зорба

Google обучува вештачка интелигенција да препознава мириси

msp-admin