Spotify, најпопуларната услуга за претплата за аудио стриминг во целиот свет, ќе биде достапна во Македонија од денеска, 14 јули.
Заедницата Spotify во светот има повеќе од 286 милиони членови, вклучувајќи и 130 милиони премиум претплатници.
Spotify ќе понуди искуство за слушање домашна и странска музика – повеќе од 50 милиони песни и милион подкасти.
Spotify е достапен бесплатно, а со претплата на Spotify Premium добивате верзија без прекинување.
Покрај македонскиот пазар, Spotify беше промовиран денес на 12 нови пазари вклучувајќи ги Молдавија, Казахстан, Белорусија, Русија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Украина и Србија.
„Денешното лансирање на платформата ја отвора вратата за скоро 250 милиони обожаватели да започнат со откривање на нова музика од целиот свет на Spotify, но и за уметниците од регионот да се поврзат со фановите од целиот свет“, рече Федерика Тремолада, извршен директор на Sportify за Југоисточна Европа.
Таа исто така додаде: „Лансирањето на 13 нови пазари е важен момент на патот на Spotify, особено затоа што сега вклучуваме обожаватели и уметници на големи и растечки музички пазари, каде стримингот е широко прифатен и каде гледаме одлична можност за Spotify“.