СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Твитер размислува да додаде реакции на објавите во форма на емоџи

Твитер ги анкетираше корисниците овој месец за да ги дознае нивните мислења за комплетите емоџи реакции, слични на оние на Фејсбук, пренесува TechCrunch.

Корисниците објавија на социјалната мрежа како изгледа анкетата, а сетот емоции што се појавува изгледа прилично стандарден, со варијации на реакции какоLike, Funny, Interesting, Sad, Awesome, Support и Angry реакции.

За Твитер се вели дека размислува да додаде начин за изразување на општото мислење на корисникот за самиот пост во смисла на додавање на опциите „Ми се допаѓа“ и „Не ми се допаѓа“. Според анкетата, ќе се користи една од овие опции – класичниот „палец нагоре / надолу“, бројот 100 во зелен или црвен круг или стрелката горе / долу како на Редит.

Твитер сфаќа дека воведувањето реакции со себе може да донесе одредена негативност. Затоа, во истражувањето, тие ги прашале корисниците како би се чувствувале во случај реакциите на нивните објави да бидат негативни, односно дали тоа би ги одвратило од објавувањето на содржината или тие би ги согледале реакциите како конструктивни повратни информации.

„Истражуваме дополнителни начини на кои луѓето можат да се изразуваат себе си во разговорите на Твитер“, изјави портпаролот на Твитер за „The Verge“, нагласувајќи дека истражувањето е сè уште во рана фаза. Тој додаде дека новите емотикони нема да го заменат позитивното обележување на објавите со кликнување на „срце“, туку ќе послужат како еден вид додаток.

Како потврда дека мрежата навистина тргнува кон нешто, шефот за дизајн на Твитер, Дантли Дејвис, објавуваше постови што алудираат на додавање реакции веќе некое време.

Поврзани вести

Google ги претстави Pixel 4 и Pixel 4 XL (ВИДЕО)

msp-admin

Американците се позагрижени од хакирање, отколку од убиство

Влатко Зорба

Новиот ултразвучен скенер за отпечатоци на Qualcomm е поголем и побрз

Влатко Зорба