СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Украден изворниот код за Cyberpunk 2077 и Witcher 3, се продава на аукција

Хакери кои го нападнаа CD Projekt Red (CDPR) пред неколку дена, поставија украден код на дигиталниот пазар, пренесува The Verge.

Пред неколку дена, хакерите го нападнаа CDPR и поставија услови во кои, доколку не добијат откуп, го објавуваат изворниот код за Cyberpunk 2077, една верзија на Witcher 3 и други документи поврзани со деловната активност на компанијата. Ситуацијата оттогаш ескалира и CDPR останува категоричен дека нема да плати откуп, така што потенцијално легитимните информации за изворниот код започнаа да се појавуваат на форумите преку Интернет.

Како што објави „vx-underground“ на Твитер, засега се работи за кодот за играта со карти Gwent, но изворен код со поголема вредност се продава на аукција на хакерскиот форум „Exploit“.

Компанијата за сајбер безбедност KELA за „The Verge“ вели дека постојат причини да се верува дека аукциите се легитимни.

„Ние веруваме дека ова е вистинска аукција на вистински продавач кој пристапил до податоците. Продавачот нуди употреба на гарант и дозволува учество само на оние кои имаат депозит“, објаснува портпаролот на KELA, наведувајќи дека овој начин на деловно работење го користат сериозни продавачи за да се осигура дека нема измама.

KELA сподели скриншот на The Verge на некои списоци со датотеки кои, наводно, го покажуваат украдениот изворен код на Red Engine, внатрешната платформа за игри на CDPR.

За почетната цена на аукцијата се вели дека е 1 милион долари, понудите растат за половина милион, а откупната цена е 7 милиони долари. Само корисниците кои депонираат 0,1 биткоин можат да учествуваат, а тоа го потврди и „vx-underground“ на Твитер.

Поврзани вести

Часови пред премиерата, се појавија нови слики од Razr

msp-admin

Ковид-пасоши засновани на блокчеин се издаваат во Њујорк

Влатко Зорба

Samsung го одложува следниот Galaxy Note поради недостиг на чипови

Влатко Зорба