20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Viber воведува нова опција – пораки кои исчезнуваат

Viber објави дека за сите чатови воведува нова функција, што може да биде доста корисна. Станува збор за пораки кои исчезнуваат.

Претходно достапна исклучиво во „тајните чатови“, оваа функција наскоро ќе им овозможи на сите корисници да постават тајмер за текстуални пораки, фотографии, видеа или која било друга датотека да исчезне по само неколку секунди, минути, часови, па дури и денови.

За да поставите порака што недостасува, корисникот треба:

* Притиснете ја иконата во облик на часовникот на дното на четот и изберете временски период по кој пораката треба да се избрише.

* Напишете или подгответе порака и испратете ја до примателот.

Автоматското одбројување на бришење содржина започнува во моментот кога примателот ја гледа пораката.

Со овие пораки во сите 1 на 1 разговори, Viber ја зајакнува својата позиција како најбезбедна услуга за пораки во светот, се вели во соопштението на компанијата.

Поврзани вести

Black Shark 4 ќе пушта игри со моќност од 12 GB RAM меморија

Влатко Зорба

Samsung најавува линија монитори со висока резолуција за 2021 година

Влатко Зорба

Samsung Galaxy S11 ќе има процесор Qualcomm Snapdragon 865 и 12 GB LPDDR5 RAM меморија

msp-admin