Минатата година, Vivo нè изненади со својот прилично интересен концептуален паметен телефон APEX 2019, во кој беа вклучени 5G конекција и конструкција од цело парче стакло. Моделот има и недостаток на хардверски копчиња и порта за полнење. Симулацијата на хардверските копчиња беше остварена преку комбинација на капацитивни и сензори чуствителни на притисок.
Една година подоцна, компанијата планираше да го лансира својот нов концептен паметен телефон за време на мобилниот Конгрес. Сепак, поради ризикот од ширење на новиот коронавирус, нејзините планови пропаднаа, но дел од рекламниот материјал поврзан со него сепак стигна до Барселона.
Here's your exclusive first look at Vivo APEX 2020 Concept Phone with 5-7.5X Optical Zoom and 48MP Gimbal Camera
(unofficial render) pic.twitter.com/vVOsvRyIXE
— Ben Geskin (@BenGeskin) February 9, 2020
Еден од билбордите на Vivo APEX 2020 беше забележан од Дејвид Рудок од Android Police, а исто така има и технологија за стабилизација на слика слична на гимбал. Сликите во голема мерка се идентични со споделените на почетокот на овој месец рендери од моделот, од страна на Бен Гескин.
Според него, моделот има сензор од 48 мегапиксели во својата главна камера со систем за стабилизација и 5-7,5x оптички зум. Камерата е поставена во кружен дел со правоаголен отвор за главниот сензор на врвот. Во оваа фаза, нема официјални информации за тоа кога ќе се претстави овој концептуален модел, но очекуваме тоа да се случи наскоро.