СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Во Турција претставен прототипот на првиот автомобил од домашно производство

Турција го претстави својот прв автомобил од домашно производство и се очекува првите возила да излезат од производна лента во 2022 година, јави Анадолија.

Турската автомобилска групација Joint Venture Group Inc или ТОГГ се состои од пет компании и планира да основа фабрика во производниот центар Бурса. Инвестицијата од 22 милијарди лири (3,7 милијарди американски долари) ќе овозможи производство на пет модели и вкупно производство на 175.000 возила годишно.

Првиот C-SUV ќе биде претставен во 2022 година, според веб-страницата на ТОГГ.

– Проектот се очекува да придонесе 50 милијарди американски долари во турската економија за 15 години по воведувањето на возилото во 2022 година, рече Мехмет Гурчан Каракас, главен извршен директор на конзорциумот.

Инвеститорите треба да обезбедат најмалку 3,5 милијарди лири во готовина како капитал до крајот на 2023 година, јави Блумберг.

Поврзани вести

Samsung ја патентираше трговската марка SAMOLED за дисплејот на Galaxy S11

msp-admin

Huawei ги претстави Watch GT 2 Pro и 5 нови производи, дел од стратегијата Seamless AI Life на компанијата

msp-admin

Surface Duo доаѓа во Европа на 18 февруари

Влатко Зорба