СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Лукаревска: Повратот на ДДВ е навремен и неселективен и обезбедува повеќе пари кај граѓаните

СДСМ е на правиот пат, кој не води кон европски вредности, патот кој не води да ги враќаме парите кај граѓаните, патот за враќање на достоинството и на зголемување на животниот стандард и од него нема да скршнеме, истакна Сања Лукаревска.

Порано не залажуваа, наместо по правиот пат не водеа по слепи улички и вложуваа во жални врби, галии, Скопје 2014, стиропор, споменици на знајни и незнајни јунаци, а СДСМ вложува и ќе вложува во зголемување на пензиите, во социјалните услуги, во подобрување на образованието, зголемување на платите во јавниот сектор, нагласи Лукаревска.

Мерката мој ДДВ е мерка која што за прв пат враќа пари кај граѓаните, помага во сузбивањето на сивата економија и помага на Управата за јавни приходи да се справи со сите што сакаат да направат даночно затајување, рече Лукаревска. Досега, рече Лукаревска има над 175 илјади корисници на оваа мерка, а првата исплата ќе биде во декември, кога 3,5 милиони евра ќе одат директно во џебот на граѓаните.

Откако е СДСМ на власт редовно, транспарентно и неселективно се врши повратот на ДДВ кај правните лица, истакна Лукаревска, додавајќи дека во 2016 биле вратени 11 милијарди денари ДДВ кај правните лица, а оваа година од јануари до август се вратени 17 милијарди денари.

Таа нагласи  дека се сузбива митот за УЈП и другите институции кои изрекуваат казни дека служат за уцени како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ.

Лукаревска на трибината „На прав пат“ во Кичево најави дека следува нов сет мерки, што ќе го вратат достоинството и на земјоделците, студентите, повозрасните, најгласувајќи дека СДСМ е на правиот пат и го остварува она што го ветува.

Поврзани вести

Западен Балкан: На Црна Гора ќе и треба најдолг период за економско закрепнување, што е со Македонија?

Влатко Зорба

Air Serbia почнува да лета на 21 мај кон четири европски дестинации

Stefanija Kuzmanovska

Заев и Сугарески на увид во реконструкцијата на 110 киловотниот далекувод ТС Штип – ТС Пробиштип

Влатко Зорба