14.8 C
Скопје
18 септември, 2026
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Американската банка вработува поранешни осуденици

Американската инвестициска банка JPMorgan во Чикаго стартуваше иницијатива за вработување луѓе со криминално минато со цел на поранешните престапници да им даде втора шанса.

Најголемата американска банка според обртот на депозити се здружи со неколку непрофитни организации од Чикаго за да обучуваат и регрутираат кандидати кои веројатно ни на сон не помислувале на работа во банка, сметајќи дека поради своето криминално досие нема да можат да работат во финансиски институции.

Оваа иницијатива, која би можела да се прошири и на други градови, е дел од заложбите на банката JPMorgan да направи нешто во врскa со високата стапка на невработеност меѓу луѓето со криминално досие. Компаниите од други сектори, како на пример, во секторот здравствена заштита, исто така ги отворија вратите за поранешните осуденици, меѓу кои стапката на невработеност е дури 27%.

Поврзани вести

Битиќи: Новиот пакет економски мерки почнува од идната недела со викенд без ДДВ

Берта Китинска

Извештај: Светските милијардери се побогати од 60 проценти од популацијата

Никола Поповски

МФ: Заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5 отсто