СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Мобилна апликација препознава ризик од добивање грип користејќи вештачка интелигенција

Популарната апликација за временски услови The Weather Channel користи вештачката интелигенција од IBM Watson за да ги информира корисниците на iOS и Android за ризикот од добивање грип.

За да се утврди веројатноста за појава на инфекција од грип, апликацијата користи машинско учење, врз основа на кое прави 15-дневна прогноза, се вели во соопштението на IBM.

Системот запишува различни параметри, вклучително, очекуваниот почеток на сезоната на настинки, грипови, врвот на вирусни инфекции на одредени територии итн.

Покрај извештаите за ризик од заболување, апликацијата им препорачува на корисниците превентивни мерки: како да останете здрави кога сите киваат и кашлаат, без да седат дома.

IBM, кој го развива системот со вештачка интелигенција Watson, сподели дека за прв пат достапна е прогноза за грип и настинки преку редовна мобилна апликација.

Поврзани вести

Се појави ВИДЕО на Pixelbook Go

msp-admin

Наскоро доаѓа гејминг смартфонот Black Shark 4

Влатко Зорба

Зошто, како и на кого Гугл има право да му брише профили?

Никола Поповски