Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се зголемуваат за половина денар за литар, а на дизелот се намалува за еден денар, одлучи Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ).
Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 68,50 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 70,50 денари за литар.
Малопродажната цена на дизелот пак ќе изнесува 61 денари за литар.