Мicrosoft веќе ја прекина поддршката за Windows 7, што значи дека веќе нема да обезбедува безбедносни ажурирања и „закрпи“. Компанијата, исто така, ги повика корисниците да размислат за купување нов уред за да продолжат да бидат „дел од иднината“. Оваа препорака е упатена до повеќе од 400 милиони луѓе кои сè уште користат Windows 7. Секако, Мicrosoft го идентификуваше Windows 10 како најлогичен избор за надградба.
Сепак, компанијата тврди дека најдобра опција е да купите нов компјутер, наместо да се ажурира тековниот уред. Според нив, во оперативниот систем има компоненти и драјвери кои нема да работат оптимално на машини кои претходно користеле Windows 7. Колку е постар вашиот уред, толку повеќе проблеми ќе имате веројатно во овој процес. Затоа е подобро да потрошите пари на нов компјутер.
Мicrosoft ја илустрира сопствената серија лаптопи со брендот Surface. Овие уреди се полесни, побрзи и побезбедни од повеќето компјутери со Windows 7. Секој корисник може да направи свој избор и да избере компјутер од друг производител. Во секој случај, подобро е да се префрлите на алтернативен оперативен систем отколку да користите Windows 7 на ваш сопствен ризик откако ќе престанат ажурирањата.