СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Мерката 14.500 денари плата по вработен се однесува на сите фирми погодени од корона кризата

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија, ја појасни најновата уредба која Владата ја донесе за финансиска помош на стопанството, а на која остро се спротиставија претставниците на угостителскиот сектор, кој воедно е и еден од најпогодените од самиот старт на кризата.

Таа истакна дека, дека вработените кои што ќе останат дома нема да добијат нето плата во висина на минимална плата, односно 14.500 денари, туку дека тие работници ќе добијат само 9.000 денари. Финансиската помош во висина од 14.500 денари, според владината уредба, појасни миснистерката ќе биде бруто плата, од работник, која што државата ќе ја исплати на компаниите за тие да им исплатат по 9 илјади денари брупо плата на своите вработени, а со останатиот дел им ги платат придонесите и персоналниот данок.

„Првата забуна во уредбата за помош на работодавачите да исплатат плати, настанува кај нето плата 14.500 денари. Финансиска поддршка, по вработен, добива компанијата по износ од 14.500 денари вкупно. Значи имаме ситуација каде што компании затвориле поради мерките на Владата, поради ситуацијата со кризата и се соочуваат со проблем да не можат да ги исплатат работниците.

Законот за работни односи, член 112 вели дека во случај на прекин на деловниот однос може да се пуштат работниците со 70% плата, во случај на “вишок сила“ може да се пуштат со 50% плата. Ако ние сега разговараме, за да објасниме пластично, за угостителскиот сектор кој што според Заводот за статсистика вработува 30 илјади лица кои што имаат бруто плата од 26 илјади денари и нето плата од 18 илјади денари за 2019 година, еве да ја земеме и јануари 20 илјади денари нето плата, ако компаниите ги задржат работниците, а ги пуштиле дома со 50% тоа значи дека тие имаат нето плата од 9 илјади денари.

Нето плата од 9 илјади денари, со придонеси и персонален данок изнесува 14.500 денари“, рече министерката Ангеловска.

Поврзани вести

Бочварски: Инвестициите во електро преносниот систем се од клучно значење за севкупниот економски развој на државата

Влатко Зорба

НУК: Стопанската комора на Србија обезбеди бесплатно вакцинирање на сите заинтересирани угостителски работници од Македонија

Влатко Зорба

Шкријељ: Паричен надоместок за лицата што останале без работа од 11 март до 30 април