СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Листа на држави најдобри за жени, еве како стои Македонија

Во новиот извештај којшто неодамна го објави светскиот бизнис магазин Ceoworld, Шведска е рангирана како најдобра земја на светот за жени. На овој список се наоѓа и Македонија којашто е рангирана на 47-мо место, зад Црна Гора што е на 46-то место, но пред Словенија којашто е 48-ма.

Од земјите од регионот, Грција котира најдобро на 28-мо место, на 36-то место се наоѓа Србија, Хрватска е 40-та, две места подолу е Бугарија, Албанија на 44-то место, Турција е на 60-то место, додека Босна и Херцеговина е неколку места подолу на листата, односно 70-та.

На второто и третото место се наоѓаат Данска и Холандија, а осум од првите десет земји најдобри за живот на жените се европски земји.

На последните места се наоѓаат африканските држави како Централноафриканска Република, Сомалија и Чад.

Врз основа на анкета на 256.700 жени ширум светот, магазинот Ceoworld ја објави својата годишна оценка за најдобри земји за жени.

За да се направи список на земји што се најдобри за животот за жените, 156 земји добија оценки преку девет атрибути: родова еднаквост, процент од законодавниот мандат на жените, чувство на сигурност (жени над 15 години одговорија на прашањето дали се чувствуваат безбедно одење сами улица), еднаквост во приходот, грижа за човекови права, зајакнување на жените, просечен период на образование на жени, жени постари од 25 години кои се платени за својата работа и вклучување на жените во општеството.

Поврзани вести

Бочварски: Инвестициите во електро преносниот систем се од клучно значење за севкупниот економски развој на државата

Влатко Зорба

Бектеши: Поддршка од 16 милиони евра ваучери, граѓаните ќе можат да ги искористат за домашните угостителски објекти

Домаќинствата кои имаат помали приходи ќе добиваат поголеми субвенции за струја

Влатко Зорба