СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Битиќи: Докажавме дека и во време на пандемија може да се зачуваат работните места

„Политиките кои ги води СДСМ даваат успех затоа што се засноваат на човечкиот капитал и на креирање нови работни места и затоа имаме рекордна намаленост на невработеноста, на 16,3 отсто, и секако тенденција беше да продолжи тоа намалување. Но, во време на пандемијата први на удар се работните места. Ние докажавме дека и во време на пандемија може да се зачуваат работните места и дека нема да се посегне одма по намалување на платите за работниците. Споредбено, кај нас има најмалку отпуштени работници во споредба со државите од регионот.“- изјави Фатмир Битиќи, претседател на комисијата за финансии во СДСМ и економски владин советник во вестите на Сител.

Тој нагласи дека и во изборната програма на СДСМ во фокусот останува човечкиот капитал и креирањето модерна економија.

„Во изборната прогама сме посветени на човечкиот капитал, развојот, третирањето на човечките ресурси, тоа е модерна економија, и затоа за нас е битно секое работно место да остане, но и достоинствено да биде платено за продуктивноста и ефикасноста. Затоа нашите мерки предвидуваат зголемување за 30 отсто на просечната плата, значи таа ќе оди до 34 000 денари, исто и на минималната плата која од 14 500 сега ќе оди на 20 000 денари, но со реална поддршка на стопанството, затоа што само така стопанството ќе може да се развива.“- сподели Битиќи делови од изборната програма на СДСМ.

Поврзани вести

Рајанер објави пониски цени на билетите

Влатко Зорба

Маск создаде „убиец на Фејсбук“?

Влатко Зорба

Комората на сметководители при ССК обезбеди дигитален пулт за превенција од Ковид 19

msp-admin