СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Мудрецот од Омаха“ се обложува против американската економија?

Со години, легендарниот инвеститор Ворен Бафет се спротиставува на златото како категорија на инвестиции.

Се чини дека работите се менуваат. „Беркшир Хатавеј“ купил околу 21 милиони акции на „Берик голд“ во вредност од 563 милиони долари. Во исто време, оттаму ги продале акциите на „Велс Фарго“ и „ЈП Морган“, две американски банки.

Овој потег предизвика лавина коментари во американската инвестициска заедница. Некои, како што е познатиот портал „Зиро Хеџ“, одат толку далеку што се подготвени да кажат дека овој пат Бафет се обложува против американската економија. Затоа што, како на друго место да се објасни фактот дека „мудрецот од Омаха“ продава акции на големи американски банки, темел на американската економија, која е заснована на заеми, и купува акции од рудници за злато.

Но, и покрај продажбата на акциите на „Велс Фарго“ и „ЈП Морган“, „Беркшир Хатавеј“ сè уште е длабоко во банкарскиот сектор, особено во „Банката на Америка“, каде со години вредно собира акции.

Мајк Шедлок од „Ситка Пацифик“ размислува поинаку од порталот „Зиро Хеџ“. Тој рече дека Бафет едноставно ги разбира финансиските пазари и нивната турбуленција за време на пандемијата на коронавирус, пренесува „Сибиз“.

„Од друга страна, „Берик Голд“ плаќа дивиденда и сè уште е само мал дел од портфолиото на Бафет“, рече Шедлок во изјавата за „Си-Ен-Би-Си“.

Шадлок го гледа овој потег на Бафет како краткорочен сигнал. Сепак, акциите на „Берик голд“ скокнаа осум проценти по објавувањето за купување од страна на Бафет.

Поврзани вести

Во декември околу 60 илјади вработени добиле помош од просечно 15.800 денари

Влатко Зорба

ССМ до работниците: Не е законски работодавачот да ве убедува дека за јануари 2021 година треба да ви се исплати плата во висина на минималната плата

Влатко Зорба

Битиќи – Хајдари: Да создаваме економски политики за зголемување на меѓусебната соработка и подобрување на конкурентноста на Западен Балкан