СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Германија им понуди нс САД договор вреден милијарда евра за да ги укинат санкциите за „Северен тек 2“

Германија им предложила на САД договор вреден милијарда евра, како замена за повлекувањето на Вашингтон од воведувањето санкции на „Северен тек 2“, пишува германски „Цајт“, повикувајќи се на неименувани извори.

Според германскиот весник, на почетокот на февруари, министерот за финансии на Германија, Олаф Шолц, му соопштил на својот американски колега Стивен Мнучин, прво усно, а потоа и писмено, дека Германија е подготвена да инвестира една милијарда евра во изградба на два терминала за увоз на американски течен гас. Американската влада планира да извезува гас во Германија преку терминали во пристаништата Брунсбител и Вилхелмсхавен.

„Во замена, Соединетите држави ќе дозволат непречено завршување и експлоатација на Северен тек 2“, се вели во писмото на Шолц до Мнучин.

САД веќе долго време ја убедуваат Германија да престане да учествува во проектот „Северен тек 2“, укажувајќи дека тоа ќе ја зголеми зависноста на земјата од рускиот гас. Меѓутоа, Берлин остана цврст во поддршката за изградбата на овој гасовод.

Сепак, откако германската влада објави дека, според податоците на испитувањата, рускиот опозиционер Алексеј Навални е отруен со помош на супстанцата „новичок“, високи функционери започнаа да се двоумат.

Поврзани вести

УЈП објави листа на должници: Вкупниот нето долг намален за 3,5 милиони евра

Влатко Зорба

Битиќи: Не се укинува финансиската поддршка за плати

Влатко Зорба

Банките ќе чекаат нов законски рок за да ја пуштат државната помош

Берта Китинска