СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Колку злато остана во светот

Минатиот месец цената на златото го достигна максимумот надминувајќи ја границата од 2.000 долари за унца.

И додека зголемувањето на цените беше условено од трговците со злато, се поставува прашањето за снабдувањето со овој благороден метал, како и за тоа кога тој повеќе нема да постои.

Побарувачката за злато е голема затоа што на златото се гледа како на инвестиција, статусен симбол, но и затоа што е една од клучните компоненти во многу електронски уреди. Сепак, златото е исто така ограничен ресурс и во одреден момент ќе се случи повеќе да го нема во рудниците.

Во 2019 година, производството во рудниците за злато изнесуваше вкупно 3.531 тони, што е за еден процент помалку од претходната година, според Светскиот совет за злато.

Резервите лоцирани под земја во моментов се проценуваат на околу 50 000 тони, според Американскиот геолошки институт.

Со цел да се погледне поширокиот контекст – се проценува дека досега се извлечени приближно 190.000 тони од рудници. Судејќи според овие груби проценки, остануваат уште околу 20 % да бидат извадени, пишува BBC.

Поврзани вести

Граѓаните протестираат низ скопските улици поради поскапувањето на струјата

Берта Китинска

Филиповска-Грашкоска: Инспекциските служби бележат намалување на бројот казни во угостителските објекти

Берта Китинска

Адемовски го купува турски „Рамстор“

Влатко Зорба