Здужението Оштетени штедачи на Еуростандард банката еден ден пред Светскиот ден на штедењето, на 30 октомври ќе протестираат пред зградата на, како што велат, еден од главните виновници за ситуацијата во која се наоѓаат, Народната банка.
– Воедно ги повикуваме на поддршка сите граѓани кои досега биле оштетени на било кој начин од овој наш банкарски систем да ни се придружат во борбата за правата на штедачите во целост, како и сите граѓани кои сакаат да живеат во праведно општество кое е регулирано од институции кои работат во интерес на граѓаните а не на криминалците. На 30ти Октомври ќе протестираме а на 31ви Октомври ќе мечтаеме дека еден ден доколку проработи правниот систем и совеста на политичарите, и ние ќе славиме повторно. Воедно би сакале јавно да се заблагодариме на политичките партии кои јавно не подржаа во нашата цел за докажување на криминалот направен врз нас преку закажување на Надзорната расправа во Сообранието како и за идното поднесување на предлог законот за наше целосно обештетување и воедно конечно расчистување со криминалот во банкарскиот систем и вадење на криминалците пред лицето на правдата, велат од Здружението.