СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Јаневски: Турстичкиот сектор е најпогоден и се надевам дека ќе остане конкурентен на пазарот

Како што е познато, Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, Туристичко-угостителската комора на Македонија во рамки на Сoјузот на стопански комори (ССК) и Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ) го реафирмираат барањето за итна смена на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски.

Исто така, познат е и фактот дека Јаневски не го прифаќа ова барање, по што во петокот ги објави резултатите од досега сработеното во изминатите 10 месеци, како и планот предвиден за перодот кој следува.

Имено, денес е свикана и седница на Координативното тело, на која како што вели Јаневски во интервју за Слободна Тв, ќе се направи пресек на досегашните мерки. Домашниот пазар со ваучер системот се надевам дека до крајот на годината треба да ги повтори истите бројки од 2019 година.

„Донесени се повеќе мрки. Турсистичкиот сектор е најпогоден и се надевам дека во оваа Ковид криза, ќе остане да се бори и да биде конкурентен на пазарот. Искористеноста на ваучерите од друга страна пак, е мала. Имено од 110.000 граѓани кои добиле ваучер за туризам, само 43.000 заминале некаде да го искористат. Сметам дека важноста на ваучерите треба да биде до 2021. година, бидејќи овие ваучери имаат важност до средината на декември, а Ски центрите кои ги имаме се уште се затворени“, вели Јаневски.

Поврзани вести

Овозможена работата на фабриките и за време на полицискиот час во сабота и недела, работниците со посебни дозволи

Тик Ток со нова промена: Се продолжува времетраењето на видеата?

Никола Поповски

За прв пат усвоена Програма за водостопанство, издвоени 916,000,000.00 денари

Влатко Зорба