СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

КСС: Дневницата во недела повисока за 50%, се друго е дискриминирачки

Потребно е да се направи само дополнување на законското решение, со кое ќе се прецизира дека недела е ден за одмор, а оние пак кои ќе ја работат треба да земат 50% повисока дневница, смета Конфедерацијата на слободни синдикати.

Според КСС, се останато кое е опција е неприфатливо бидејќ е дискриминирачки.

„КСС стои на ставот дека сегашното Законско решение само треба да се дополни и тоа: – Во членот 134 став 2 да стои: Ден за неделен одмор е недела. Секоја работа во недела се пресметува како прекувремена работа и се исплаќа дневница зголемена за 50%. Во членот 134 да се додаде став 3: Неделното работно време не смее да се продолжува во недела и важи од понеделник до сабота“, се вели во соопштението на КСС испратено до медиумите во кое додаваат:

„Сето друго сметаме дека е чист популизам. Од една страна трговците лицитираат и лобираат, од друга страна ќе се направи хаос во Законот за работни односи, доколку се опишува кои дејности треба да работат, а кои не. Во време на економска криза многу лесно може да се случи заради неработење во недела да се намалат платите и да се кратат работни места“.

КСС водејќи се по овие норми посочува дека во овој момент нивниот предлог е најприфатливо решение за сите страни кои се наоѓаат во процесот.

Поврзани вести

На бизнис форум во Катанија претставени можностите за инвестиции во државава

Раст од 14 проценти на онлајн купувањата

Анѓушев: Во изминатите две и пол години придонесов во економијата на државата