СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Петпати повисок данок ако не пријавите недвижнина што не ја користите

На денешната седница на Владата беше разгледан и усвоен Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, по редовна постапка, со којшто се предвидува извршување на усогласување на основниот текст на законот со позитивната законска регулатива во Република Северна Македонија, со цел обезбедување прогресивно, праведно оданочување, а кој се предвидува да важи од први јануари 2022 година.

Исто така со Предлог-законот се предвидува позитивно влијание врз буџетот на Единиците на локалната самоуправа бидејќи со повеќе пропишаните стапки се зголемуваат и се утврдуваат состојби во кои данокот на имот за другиот недвижен имот опишан во поимникот, којшто е во сопственост на државата или на општините, општините во Градот Скопје и на Градот Скопје како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи, подолго од шест месеци во текот на една година, да се зголеми за три пати во однос на стапките пропишана со законот.

Со одредби од овој Закон се пропишува и дека државата, општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, како и физичките и правни лица кои нема да пријават дека одреден недвижен имот не го користат, ќе платат данок кој ќе биде за петпати повисок од пропишаниот.

Поврзани вести

Граѓаните брзаат да ги повлечат парите од државната помош

Берта Китинска

Ангеловска: Владината мерка 14.500 постои можност да важи и за јуни

Се бараат градежници, техничари, работници во услужните дејности…Слободни 9000 работни места

Берта Китинска