СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НУК бара средба со премиерот по вчерашната одлука за нови рестриктивни мерки

Во името на Независната угостителска комора, во името на здруженијата КЛУБ ЕСНАФ од Битола, ПРИЛЕПСКИ МЕАНЏИИ од Прилеп, ТИКВЕШКИ УГОСТИТЕЛИ од Кавадарци, БИСЕР од Куманово, ЗУТ КРУШЕВО од Крушево, АНТИГОНЕА од Неготино и ОХРИДСКИ ЕСНАФ од Охрид, во името на 6500 регистрирани угостители со повеќе од 35.000 вработени и во името на целокупната ОДГОВОРНА ЈАВНОСТ го доставуваме ова барање за ЈАВНА ИТНА СРЕДБА ОТВОРЕНА ЗА МЕДИУМИТЕ ЗА ОТВОРЕНА ДИСКУСИЈА за носење на оправданоста на СЕЛЕКТИВНА РЕСТРИКТИВНА МЕРКА и неопходноста од носење на посебен сет мерки за финансиска поддршка и помош наменета СЕЛЕКТИВНО САМО ЗА УГОСТИТЕЛИТЕ, пишува во соопштението на НУК.

„Ќе згрешиме ако на било кој начин се согласиме со вчерашната изјава дека мерките кои ги усвои Владата не се популарни. Мерките се одлични ако ги споредиме со мерките од соседството и земјите членки на Европската унија.

Сметаме дека новите вчерашни рестриктивни мерки не се популарни не заради самите нив туку заради неодговорноста на Владата, веднаш со усвојување и донесување на истите не дискутира и усвои начини на обештетување на угостителите или соодветна финансиска подршка и помош за надомест на штетите што ќе настанат како резултат од нивната примена.

Финансиската поддршка и помош која Владата има за обврска да ја обезбеди како сите нормални здрави економии кои целосно ги затворија угостителските објекти и ги надокнадија не само загубите туку и трошоците од неработењето во интерес на одржување на бизните во угостителската индустрија целосно во функција.

Ако навистина Владата требало да бира како што напомена Претседателот на Владата меѓу задоволството и профитот од една страна и одговорноста и здравјето од друга страна, тогаш целосното затворање по примерот на другите земји трбаше да е вистинскиот избот по здравјето на сите нас, која мерка би била пропратена со соодветна финансиска поддршка и помош. Парцијалните и селективни рестриктивни мерки некординирани со соодвена финансиска поддршка со кои во континуитет е опфатена само угостителската индустрија ги води угостителите и бизнисите од пропратните индустрии во целосна кома и колапс.

Во целост го поддржуваме ставовите од вчерашната изјава дека “..сега е време здравјето да се стави пред задоволството и пред профитот“.

Меѓутоа да бидеме на јасно за каков и чив профит тоа се дискутира?

Ако се однесува и асоцира на профитот во угостителската индустрија сведоци сме дека угостителите неможат да го помирисаат, не па да го осетат прифитот оваа година.
Дали случајно се однесува за профитот што Владата ќе го оствари со новите рестриктивни мерки со кои наводно ги остава угостителите да работат со цел да ја избегне обврската за финансиска поддршка и помош која настана од воведувањето на рестриктивните мерки. Прашуваме дали во случајов се однесува за профит или заштеда која Владата ги прави преку заштедата и избегнување на обврската за обештетување на угостителите?

Ја користиме повторно моќта и влијанието на медиумите да ни помогнат во доставувањето на ова барање до Претседателот на Владата за покана во рок од 48 часа за јавна отворена за медиумите работна средба со цел да ги разјасниме одговорностите, обврските и да дефинираме насоките за егзистенција и опстанок на угостителската индустрија со воведувањето на селективните рестриктивни мерки.

Доколку Владата нема намера јавно да седне на маса и се соочи со угостителите, тогаш најмалку што може е јавно да одговори на ова наше барање и да се изјасни дали со донесувањето на новите мерки воопшто предвиделе, планирале и дискутирале да се надомести целосно или парцијално штетата со воведувањето на новите рестриктивни мерки“, се вели во соопштението.

Поврзани вести

Берово и Велес – најтранспарентни општини во Македонија

Влатко Зорба

Изгласан дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2019 година

msp-admin

САД: Речиси осум милиони луѓе беа отпуштени во април

Stefanija Kuzmanovska