Кинеските конкуренти на Tesla ја зголемиле продажбата на најголемиот пазар на автомобили во светот.
Стартапите Nio, Li Auto и Xpeng во последните денови објавија дека нивните пратки скокнале во 2020 година, завршувајќи ја годината со нови месечни врвови.
Силната побарувачка го рефлектира целокупното закрепнување на кинеската економија и пазарот на автомобили во земјата.
Во обид да стане лидер во производството на електрични возила, кинеската влада ја поддржува индустријата со субвенции, полесни ограничувања за регистрација и изградба на инфраструктура за електрични возила.
Продажбата на електрични возила во Кина се зголеми за 4,4% на годишно ниво во периодот јануари-ноември, во споредба со падот од 7,6% во вкупната продажба на автомобили за истиот период.
Акциите на три кинески стартапи за електрични автомобили кои се тргуваат во Њујорк скокнаа. Тие на Nio беа меѓу најдобрите акции на кинески компании со кои се тргуваше во САД, со пораст на цените за повеќе од 1.100%.
И покрај растот на кинеските стартапи, нивната продажба сè уште заостанува значително од продажбата на Tesla, која ги зголеми промоциите околу Новата година и испорача околу пет пати повеќе автомобили отколку трите кинески компании заедно.
Кинеските компании се соочуваат со други предизвици. Tesla се приклучи на S&P 500 во декември, додека американската политика стана ризик за акциите на кинеските компании со кои се тргува на тој пазар.
Еве како се справија кинеските компании во 2020 година:
Nio
Nio соопшти дека неговите испораки се зголемиле повеќе од двојно на годишно ниво – на 43.728 автомобили.
Li Auto
Во петокот, Li Auto објави дека испорачале 32.624 електрични автомобили минатата година – скоро 12 месеци по доставата на нивниот прв автомобил.
Испораките на првиот модел на Li One достигнаа рекорден месечен број од 6.126 во декември.
Акциите на компанијата се зголемија за 150% од првичната јавна понуда на Nasdaq во јули.
Xpeng
Xpeng испорача 27.041 автомобил во 2020 година, што е исто така повеќе од двојно повеќе отколку пред една година. Компанијата испорача 5.700 електрични возила во декември, зголемувајќи го нивниот месечен број за втор месец по ред.
Неговите акции пораснаа за над 185% од почетната јавна понуда на њујоршката берза во август.
Tesla пак, во саботата објави дека испорачал 499.550 возила минатата година, не успевајќи да ја исполни својата цел од 500.000.
Сепак, компанијата постави нов квартален рекорд со испорачани 180.570 автомобили во последните три месеци од годината.
Во петокот, компанијата на Елона Маск објави дека ќе започнат испораките на моделот Y, кој се произведува во Кина. Ќе чини 339.900 јуани (52.000 долари).
Ова е за 30% поевтино од првично објавената цена од 488.000 јуани (74.700 американски долари).