СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

Глобализацијата е во повлекување

Во последниве години, светската трговија доби голем број удари и 2020 година не беше исклучок, пишува во својата анализа „Волстрит журнал“.

Уште од светската финансиска криза во 2008-2009 година, растот на меѓународната трговија забавува. Влијание имаа и повисоките тарифи и трговските војни, производ на администрацијата на Трамп. Обемот на трговија всушност падна во 2019 година, иако светската економија тогаш продолжи да расте.

Минатата година, пандемијата имаше разорно влијание врз економската активност ширум светот. Според Светската трговска организација, светската трговија е намалена за 9,2%.

Приливот и одливот на трговијата целосно ги одразуваат промените во глобалниот економски раст. Затоа, изгледите за трговија следната година во голема мера зависат од тоа дали светот ќе може да му сврти грб на Ковид. Но, постојат неколку предуслови да се верува дека политичките одговори на пандемијата, како и зголемената загриженост за националната безбедност ширум светот, може да имаат траен ефект врз обликувањето и потенцијалното намалување на глобализацијата во иднина.

Вртење навнатре

Глобализацијата – зголемување на трговијата и инвестициите ширум светот – беше клучен двигател на светската економија во 90-тите и 2000-тите. Но, сето тоа запре со финансиската криза во 2009 година. Синџирите на глобални вредности – ширењето на синџирите на снабдување во земјите – престанаа да се шират по 2008 година, посочуваат од Светска банка.

Економските реформи исто удри кочница во светот, а неколку земји се повлекоа од движењето. За време на владеењето на Си Џинпинг, Кина усвои политики за зајакнување на државните претпријатија и за промовирање на локалниот развој на клучните технологии. Кина продолжува да биде титан во однос на извозот, но се сврте навнатре. Извозот како дел од кинескиот БДП падна од 31% во 2008 година на само 17% во 2019 година.

Кина не е сама. Национализмот стана посилна идеологија низ целиот свет, а со тоа и економскиот протекционизам. Индискиот премиер Нарендра Моди ја започна кампањата „Произведено во Индија“. Претседателот Трамп рекламира „Купувајте американски“ политики, па дури и новоизбраниот претседател Џо Бајден, за кого сите веруваат дека е помеѓународно настроен претседател, исто така поддржува слични програми.

Пандемијата веројатно ќе ги катализира овие постојни тенденции за намалување на глобализацијата за сметка на протекционизмот. Многу земји се прашуваат дали станале премногу зависни од другите за основни медицински материјали и лекови од кои би можеле да бидат лишени во криза. Беа воведени привремени забрани за извоз поради загриженост за несоодветно домашно снабдување со медицинска опрема, опрема за лична заштита и фармацевтски производи. Иако комерцијалниот одговор на пандемијата беше пригушен, ставовите се променија.

Францускиот претседател Емануел Макрон пред извесно време рече дека коронавирусот „ќе ја промени природата на глобализацијата со која живееме последните 40 години“, додавајќи дека „јасно е дека во оваа форма го достигнува крајот на својот циклус“.

Безбедносни прашања

На врвот на јавните здравствени проблеми во врска со глобализацијата се оние што се однесуваат на националната безбедност. Односите меѓу САД и Кина се влошија од американска страна, делумно поради стравот дека безбедноста на модерните технолошки производи – од беспилотни летала до микрочипови – може да биде загрозена од кинеските власти. Не само што се воведени тарифи со кои се ограничува билатералната трговија, туку се забранети и кинеските аквизиции на американски технолошки компании, а јазот меѓу технолошките екосистеми на двете земји се зголемува.

Пред неколку години, поранешниот министер за финансии Хенри Полсон предвиде економска „железна завеса“ што ги разделува двете економии. Без оглед дали некој гледа на „сегрегацијата“ како на реален исход, раздорот меѓу двете најголеми економии во светот ќе има огромни последици во иднина.

Соединетите држави не се сами во загриженост дека кинеската технологија е сомнителна, како што покажаа случајот „Хуавеи“ и безбедноста на телекомуникациската опрема на компанијата. Јапонија ги насочи своите напори да ја прекине зависноста од кинескиот синџир на снабдување со производство на повеќе технолошка опрема дома.

Кина исто така ја претвори трговијата во инструмент за надворешна политика. Земји како Австралија открија дека иритирањето на Пекинг води до ненадејна забрана за извоз, непосредно наметнување на специјални увозни давачки или одземања на пристаништата поради неочекувани безбедносни проверки. Скот Морисон, премиерот на Австралија, изјави пред парламентот на земјата дека „отворената трговија е главен дел од просперитетот на Австралија низ вековите. Но, домашниот економски суверенитет исто така „мора внимателно да се разгледа“.

Загриженоста за националната безбедност вклучува геополитички фактори надвор од Кина. Претседателот Трамп создаде неизвесност во неговиот сојуз со Европа, доведувајќи го во прашање значењето на НАТО, осудувајќи ги сојузниците на САД за нивните трговски практики и недоволното трошење на одбраната.

Ова однесување ќе биде тешко за Европејците да го надминат, дури и со нов претседател. Иако Бајден наскоро ќе дојде на власт, Стариот континент постојано го доведува во прашање кредибилитетот на американското партнерство. Во средина каде сојузите се несигурни и немаат меѓународна соработка, Европејците се прашуваат на кого всушност можат да сметаат. Фил Хоган, до неодамна, Европски комесар за трговија на Европската унија, велеше дека „треба да размислиме како Европа може да ја обезбеди својата стратешка автономија“.

Комбинацијата на грижите за јавното здравје и стравовите од националната безбедност сугерира дека може да забележиме промена кон поголема самодоволност. Кога луѓето и нивните влади ќе ја изгубат довербата во своите партнери и стравуваат или за нивното здравје или за нивната безбедност, постои природна тенденција да се изолираат и да ја намалат зависноста од другите. Луѓето почнуваат да ја ценат безбедноста повеќе од ефикасноста.

Ова повлекување нема да означи крај на глобализацијата, процес кој достигна врв пред околу една деценија. Но, глобализацијата може барем делумно да се врати во првобитната позиција, истакнувајќи го карпестиот пат во нејзиниот развој.

Клучни датуми во 2020 година:

– 15 јануари: Соединетите држави и Кина ја потпишаа првата фаза од трговскиот договор со кој се намалуваат двегодишните тензии меѓу двете најголеми економии. Неговата цел е да ја зголеми продажбата на американски добра и услуги во Кина и да ја заштити интелектуалната сопственост. Но, исто така не ги елиминира тарифите на САД за поголемиотдел од кинески увоз.

– 25 август: Глобалната трговија пропаѓа за 12,5% во вториот квартал во споредба со првиот, според холандското биро за анализа на економската политика (CPB). Ова е најголемиот пад откако статистиката започна да се составува во 2000 година, надминувајќи го товарот на ударот врз трговијата од светската финансиска криза.

– 15 септември: Светската трговска организација откри дека некои американски тарифи за Кина ги кршат меѓународните правила за трговија.

– 13 октомври: СТО вели дека Европската унија може да наметне царини од 3,99 милијарди долари на Боинг и друга стока на САД како дел од долготрајниот трговски спор.

– 15 ноември: Кина и 14 други азиско-пацифички земји го потпишаа најголемиот трговски договор во светот, создавајќи регионален блок што опфаќа околу една третина од светското економско производство. Договорот вклучува сојузници на САД како Австралија, Јапонија и Јужна Кореја, но не и Вашингтон.

– 25 ноември: Глобалната трговија се зголеми за 12,5% во третиот квартал во споредба со вториот квартал, според ЦПБ. Ова е најголемо зголемување од почетокот на статистиката по најголемиот пад.

Поврзани вести

Дали Ковид-пасошите овозможуваат или ја попречуваат слободата на движење?

Влатко Зорба

Доаѓа ли крајот на традиционалното IPO?

msp-admin

Берлин вади „голема базука“ против коронавирусот

msp-admin