СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Повеќе од половината од регистрираните возила во Норвешка се електрични

Во 2020 година, Норвешка стана првата земја во светот со повеќе од 50 проценти електрични автомобили од вкупниот број регистрирани возила.

Според податоците на Советот за патен сообраќај објавени денес, 54,3 проценти од регистрираните е-возила биле во Норвешка минатата година.

Во 2019 година, од вкупниот број издадени регистарски таблички во оваа скандинавска земја, 42,4 проценти биле за електрични возила.

Четирите најпродавани нови модели во Норвешка се Audi e-tron, Tesla Model 3, Volkswagen ID.3 и Nissan LEAF, сите електрични.

Норвешка планира целосно да се префрли на електрични возила до 2025 година.

Поврзани вести

САД имаат ограничени можности да одговорат на Huawei во 5G битката

msp-admin

Jaguar Land Rover отпушта 2.000 лица

Влатко Зорба

Над 69,9 милиони долари лани сме потрошиле на увоз на мобилни телефони

msp-admin