СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

FCA: Инвеститорите во Bitcoin може да ги изгубат сите свои пари

Финансиското тело за надзор на Велика Британија – Органот за контрола на финансиското однесување (Financial Conduct Authority – FCA), издаде предупредување до инвеститорите во криптовалути, пишува Би-Би-Си.

Финансискиот набљудувач рече дека инвеститорите треба да бидат „подготвени да ги изгубат сите свои пари“ доколку падне вредноста на нивните инвестиции, а една од причините е што крипто-валутите не се опфатени со регулативата или заштитата на инвестициите.

Предупредувањето е последно од FCA и доаѓа во време на рекордна цена на Bitcoin (BTC), најголемата криптовалута. Минатата недела цената на дигиталната паричка, која постои веќе 12 години, се искачи на над 40.000 долари.

Некои компании започнуваат нов бизнис, ветувајќи висок принос на инвестицијата, предупредува Би-Би-Си.

Поскапувањето на BTC привлече десетици инвеститори, но FCA е загрижена дека иако врвовите се привлечни, својствената нестабилност на криптовалутите значи дека постои висок ризик од загуби.

Во соопштението на финансискиот орган се вели дека „доколку потрошувачите инвестираат во овие видови производи, тие мора да бидат подготвени да ги загубат сите свои пари“.

Потрошувачите треба да бидат претпазливи, особено ако им се ветува поврат што звучи премногу добро за да биде вистинито, советува FCA. Институцијата исто така препорачува потенцијалните инвеститори да бидат добро информирани пред да преземат нешто.

Поврзани вести

Биткоинот испраќа одлична недела

Влатко Зорба

Пазарната капитализација на криптовалутите за прв пат близу 2 трилиони долари

Влатко Зорба

Топ крипто-берзи преместија милиони XRP токени

Влатко Зорба