20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Пазарниот удел на 5Г смартфони на Хуавеи ќе се намали годинава

Хуавеи е на прво место на глобалниот пазар на 5Г смартфони со испораки од 79,6 милиони единици (29,2%) минатата година, а зад него се Епл со 52,3 милиони единици (19,2%) и Самсунг Електроникс со 41 милиони единици (15,1%), објави на 1 јануари „Стратеџи Аналитикс“, фирма за истражување на пазарот. Притоа е споменато дека Епл и Самсунг годинава ќе го надминат Хуавеи.

Во 2019 година кога беше претставена 5Г технологијата, уделот на пазарот на Хуавеи и Самсунг беа 37,2, односно 36 проценти. Минатата година Хуавеи сепак ја зголеми разликата со брзото ширење на технологијата во Кина. Епл во меѓувреме го зазеде второто место благодарение на огромната популарност на серијата ајФон 12, нејзините први 5Г смартфони.

Според истата фирма за истражување на пазарот, глобалниот пазар на 5Г смартфони се очекува да достигне 600 милиони единици годинава, што е повеќе од двојно од ланската големина, а пазарниот удел на Епл и Самсунг Електроникс се очекува да биде 29, односно 16,8 проценти.

„Уделот на пазарот на Хуавеи за годинава се проценува дека ќе се намали на 3,4 % по трговските спорови меѓу САД и Кина. Се проценува дека уделите на Виво, Опо и Ксајоми ќе изнесуваат 13,9, односно 12,8 и 11,7 проценти“, велат од „Стратеџи Аналитикс“.

Поврзани вести

РКЕ: СУПЕР 95 и СУПЕР 98 поевтинуваат за 7,5 денари, дизелот за 6 денари

msp-admin

Германскиот производител на камиони МАН најавува отпуштање на 9.500 луѓе

msp-admin

Деспотовски: Државата дава поддршка за младите, целта е да останат тука и своите бизнис идеи да ги реализираат во земјава

msp-admin