СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Тесла купи биткоини за 1,5 милијарди долари и наскоро ќе прифаќа плаќања во криптовалута

Производителот на електрични возила „Тесла“ со седиште во Калифорнија има стекнато биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари како дел од политиката за инвестиции на компанијата предводена од Елон Маск и планира наскоро да прифаќа исплата во дигитални валути за набавка на возилото.

Компанијата рано утрово ја претстави новата стратегија во извештајот до Комисијата за хартии од вредност на САД, наведувајќи дека нејзините инвестиции во дигитални валути и други „алтернативни резервни средства“ можат да растат.

Вредноста на биткоинот скокна 14 проценти и се чинеше дека за кратко достигна рекордно високо ниво. Акциите на Тесла, исто така, забележаа раст.

Во извештајот за резултатите од четвртиот квартал, објавен минатиот месец, компанијата Тесла објави дека има готовина и еквиваленти од 19,4 милијарди долари.

Поврзани вести

Како Bitcoin може да се насочи кон 400.000 $ ?

Влатко Зорба

Bittrex ги отстранува Monero, Dash и ZCash

Влатко Зорба

По неколку дена во „црвено“, биткоинот повторно бележи раст

Влатко Зорба